Со летниот ред на летање што стапи во сила и ќе трае до крајот на октомври, првпат се воведува авионска врска меѓу Македонија и Брисел. Од мај белгискиот авиопревозник TUI Airlenes Belgium, попознат како JETAIRFLY, почнува со редовен авиопревоз од Брисел двапати неделно. Kомпанијата ќе лета на релацијата Брисел-Охрид-Скопје-Брисел секој вторник од 15 мај до 18 септември, како и секоја недела од 13 мај до 16 септември. Со летниот ред на летање „ЈАТ ерлајнс“ почна да сообраќа на релацијата Белград-Скопје и Белград-Скопје-Охрид и обратно. Авиопревозникот „Бел ер јуроп“ ќе ги опслужува линиите од Скопје кон Рим, Анкона, Виена и Диселдорф и обратно, „Аустријан ерлајнс“ за Виена, „Kроациа ерлајнс“ за Загреб, „Адриа ервејс“ за Љубљана, „Еделвајс“ за Цирих, „Виз ер унгари“ нуди авионски превоз од Скопје до Лондон и до Венеција и обратно, а „Туркиш ерлајнс“ и натаму ќе лета за Истанбул.
Со летниот ред на летање што стапи во сила и ќе трае до крајот на октомври, првпат се воведува авионска врска меѓу Македонија и Брисел.
Од мај белгискиот авиопревозник TUI Airlenes Belgium, попознат како JETAIRFLY, почнува со редовен авиопревоз од Брисел двапати неделно. Kомпанијата ќе лета на релацијата Брисел-Охрид-Скопје-Брисел секој вторник од 15 мај до 18 септември, како и секоја недела од 13 мај до 16 септември.
Со летниот ред на летање „ЈАТ ерлајнс“ почна да сообраќа на релацијата Белград-Скопје и Белград-Скопје-Охрид и обратно. Авиопревозникот „Бел ер јуроп“ ќе ги опслужува линиите од Скопје кон Рим, Анкона, Виена и Диселдорф и обратно, „Аустријан ерлајнс“ за Виена, „Kроациа ерлајнс“ за Загреб, „Адриа ервејс“ за Љубљана, „Еделвајс“ за Цирих, „Виз ер унгари“ нуди авионски превоз од Скопје до Лондон и до Венеција и обратно, а „Туркиш ерлајнс“ и натаму ќе лета за Истанбул. На таа релација ќе лета и „Пегасус“, кој ќе сообраќа и на линијата Скопје-Измир „Ер Берлин“ ќе нуди авиопревоз на релацијата Диселдорф-Скопје, а „Белер ерлајнс“ на релацијата кон Цирих.